Македонија

СЕ ЈАВИЈА ОД КАЛЕТО : СЕГА Е ЈАСНО ЗОШТО СДСМ БРЗА ДА ИМА ИЗБОРИ

 

Американската амбасадорка Брнс ги честита успесите на деветтиот ...

Амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Мари Брнс во изјава за медиумите порача дека е важно во земјава да се одржат избори затоа што, како што истакнува на Северна Македонија и се потребни потполно функционални институции за справување со сите предизвици, вклучително и со кризата со КОВИд-19.

Таа истакна дека датумот за избори треба да се утврди во согласност со законите и Уставот на земјата. -Важно е во земјата да се одржат избори. На Северна Македонија и се потребни избрани и потполно функционални институции – влада и собрание – за да се справуваат со многуте итни предизвици кои ќе имаат долгорочен ефект врз иднината на земјата, вклучувајќи го одговорот на кризата со КОВИД-19, како и подготовките за пристапните преговори со ЕУ.

Што се однесува до датумот за овие избори, тој треба да се утврди во согласност со законите и Уставот на земјата,наведува Брнс.

Нејзината денешна изјава јасно покажува зошто на владејчката партија и се брза да организира експресни избори во ситуација кога пандемијата од Ковид-19 рапидно се зголемува.Очигледно е дека амбасадата на САД (во која се уште доминираат остатоци од администрацијата на Барак Обама и длабоката држава), го има клучниот збор во креирањето на политиката кај нас а СДСМ е само декор и марионета која беспрекорно ги извршува наредбите.

Loading...

Related posts

Leave a Comment