Свет

Силвана Павловска: Штрајк на вработените во детските центри и забавишта низ Австралија

 

Штрајк на вработените во детските центри и забавишта може да биде најголем во „вртоглавото растење“ на образовните барања

Вработените во детските центри и забавишта денес штрајкуваат низ цела Австралија барајќи подобра плата и работни услови.
Според изјавата на Синдикатот обединети работници, се очекува денешниот штрајк да биде досега најголемиот во историјата на овој сектор и дека околу 1000 приватни детски центри денес ќе ги затворат вратите на нивните установи.
Синдикатот кој го организира денешниот штрајк бара подобрување на платите и условите на работа како и поголеми промени во системот.
Стручњаците тврдат дека доколку се покачат платите на вработените, тоа не смее да ги кошта родителите.
Во Австралија, почетната плата за лице вработено во детски центар согласност индустриските награди изнесува само 47 центи над минималната плата која е 21 долар и 85 центи на час.
Моментално, сојузната влада на Австралија обезбедува финансиски средства за родителите, коишто истата ја искористуваат за плаќање на трошоците во приватните или независно управувани детски центри.
Новата влада на Албанези вети повеќе од 5 милијарди долари од јули следната година со цел да се покачи финансиската помош и се овозможи достап на повеќе семејства.
Меѓутоа, Синдикатот и стручњаците како Тамара Камин од Универзитетот Маквари, велат дека дотациите треба исто така да се поврзат со платата и работните услови на вработените.
Д-р Камин рече дека низа операторите за профит ги покачиле цените за грижа на децата но не да ги покачиле платите на вработените.
Во продолжение, таа рече дека „системот навистина треба да се преразгледа во однос на тоа како се распоредуваат парите за рано образование на децата“.
„Дали може тие парични средства да се распоредат на еден по фер начин во вид на плати за вработените, и, или за услугите, со цел да се задржи она што е потребно, но без да се погодат семејствата со покачени цени, бидејќи семејствата не се во состојба да платат за услугите за рано образование на нивните деца“, рече Д-р Камин.
Таа исто така изјави дека „досегашните регулативи за услуги на детска грижа познати како Национален стандард на квалитет мора да се зајакнат“.
Сојузната влада веќе изјави дека таа планира до донеси закон со кој вработените ќе можат да преговараат за нивните плати и работни услови со повеќе работодатели, изјава која стручњаци велат дека може да биде корисна во добивање на подобри договори.

 

7 септември 2022 г.
Мелбурн Австралија
Известува Силвана Павловска, новинар
УДАРНА ВЕСТ

 

Нема достапен опис

 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!