Свет

Силен земјотрес во Турција,загинаа осум лица

 

Осум лица, меѓу кои и три деца, загинаа, а повеќе од 20 се повредени во Турција во земјотрес со јачина од 5,7 степени, што ја погоди области долж границата со Иран. Иран пријави најмалку 25 повредени лица.

 

Од 21 повредени, осуммина се во критична состојба, соопшти турското Министерство за здравство. Земјотресот уништи околу 1.066 згради и куќи во неколку села и во градот Ван. Неколку училишта беа оштетени.

Снимките на турската телевизија ги прикажуваат луѓето како копаат со лопати и со раце околу урнатините, обидувајќи се да ги извадат преживеаните.

На снимките се гледаат жители завиткани во ќебиња како стојат во снегот пред пропаднатите sидови и покривите на нивните домови.

Според американскиот геолошки завод, епицентарот на земјотресот бил недалеку од иранското село Хабаб Оли, на помалку од десет километри од турската граница и во неколку села во провинцијата Ван.

Земјотресот е регистриран во 9,23 часот по локално време, на длабочина од шест километри.

Loading...

Related posts

Leave a Comment