Македонија

Синот на пратеникот Џеват Адеми ранет на свадба

 

Синот на пратеникот од ДУИ, Џеват Адеми, изминатата вечер е ранет од огнено оружје на свадба. На истата свадба е рането уште едно лице и двајцата се пренесени во болница.

,,Лајм“ објави дека Адеми несакајќи го ранил својот син, пукајќи на свадба со пиштол.

Но подоцна семејството на пратеникот демантираше дека нивниот син настрадал од куршум испукан од Адеми.

Тие тврдат дека тој настрадал од заталкан куршум.

-Станува збор за заталкан куршум од свадбена веселба, велат од семејството на Адеми и додаваат дека двете повредени лица се во добра и стабилна состојба.

Едното лице е сместено во тетовската болница, додека другото  е пренесено на Скопските клиники.

Во тек е итрага која треба да утврди како дошло до овој немил настан.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!