Свет

Сириските курдски сили ги повикаа САД на морална одговорност

Курдските сили во северна Сирија ги повикаа САД да преземат „морална одговорност“ и да го затворат воздушниот простор над северна Сирија за турските борбени авиони.

Портпаролот на сириските демократски сили, Ридјур Калил, прочита изјава од групата, во која САД не се споменуваат директно, туку се нарекуваат „наши сојузници“, пренесува АП.

“Ние не сакаме да ги испратиме своите трупи во првите редови и да ги загрозиме нивните животи. Ние сакаме тие да го затворат воздушниот простор за турските борбени авиони. Ова е нешто што можат лесно да го сторат”, се вели во соопштението.

Сириските демократски сили додадоа дека изгубиле 45 борци од почетокот на турската инвазија на североисточна Сирија пред четири дена.

Сириските курдски сили беа најголеми сојузници на Соединетите држави во борбата против Исламската држава во северна Сирија, но Вашингтон неодамна одлучи да ги повлече своите сили од областа.

Related posts

Leave a Comment