„Секогаш те нарекувам мој драг пријател“, му рече Кси Џинпинг на рускиот претседател.
Според него, тој е многу задоволен што повторно ќе ја посети Русија на покана на Путин.
Ова беше изјавено на средбата која помеѓу двајцата претседатели започна пред малку во Кремљ.
„Внимателно ги проучувавме вашите предлози за решавање на акутната криза во Украина“, нагласи рускиот лидер.
Тој додаде дека руската страна разбира дека Пекинг произлегува од принципите на правдата.
На 24 февруари кинеското Министерство за надворешни работи објави предлози за решавање на ситуацијата во Украина.
Планот се состои од 12 точки. Се бара почеток на мировни преговори и прекин на огнот. Исто така, кинеската страна се противи на еднострани санкции, кои само создаваат нови проблеми.