Свет

СКАНДАЛ ВО ФРАНЦУСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛСКА КАМПАЊА: НАПАДНАТА МАРИН ЛЕ ПЕН (ВИДЕО)

Емануел Макрон, кој директно учествуваше во истото шоу, рече дека е шокиран од тоа што го видел

Група демонстранти ја нападнаа кандидатката за француски претседател Марин Ле Пен во Гвадалупе.

Кандидатката на конзервативната десница учествуваше во ТВ шоуто преку видео врска од Гвадалупе, каде е во предизборната кампања. Својот десетминутен настап таа го снимила ноќта пред емитувањето, во саботата, во хотелот во кој престојувала, а во таа прилика дошло до сериозни немири, кога група од триесетина екстремни левичари ја прекинале емисијата извикувајќи ги зборовите „расистка“ и “надвор”.

Во таа прилика, телохранителот морал да ја заштити Марин Ле Пен, која брзо го напуштила импровизираното студио. Напаѓачите го турнале телохранителот и и го извадиле микрофонот на претседателската кандидатка. Емисијата беше прикажана во неделата, а заврши со снимки од оваа непријатна сцена.

Емануел Макрон, кој директно учествуваше во истата емисија, рече дека е шокиран од она што го видел и остро го осуди нападот.

– Се грижам за демократската дебата. Се борам против политичките идеи на Марин Ле Пен, но со почит – рече Макрон.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!