Колумни

Советите на Кисинджер до Трамп-Анализа на Зоран Курљан

 

 

 

 

За никого не е таjна дека Х.Кисинджер е мостот коj ке ги поврзе Москва и Вашингтон после ,,ледената ера,, во коjа се наjдоа нивните односи во време на предходната американска администрациjа.

Трамп се всели во овалниот кабинет во време кое не е баш наjблагоприjатно за САД,благодарение на фактот што претходната влада водеше авто-деструктивна и провална политика. Аргументи за ова тврденье има многу: земjите од Блискиот Исток-Сириjа,Ирак,Либиjа и Египет коj се уште зазадравува после американската демократска терапиjа. Актот на  нивните деjствиjа покажаа фундаментално наивна политика,коjа и овозможи на Руската Федерациjа да направи пресврт во констелациjата на односи на Блискиот Исток.

Во 2014 година излезе последното дело на Х.Кисинджер,,Светскиот Поредок,,во коj авторот не се слага со мислата дека,, во денешно време е невозможно започнување на систематска-глобална воjна ,,.Од своjа страна авторот смета дека,,современиот светски контекст е мошне експлозивен,,За да се измени таа реалност потребен е сосем поинаков,нов пристап на САД во интеракциjата со останатиот Свет. Простото менување на политиката на Обама ке донесе некоj успех,но на долги патеки само нова политика ке и донесе мир и прогрес на САД.  Но,каква е таа нова политика?

Врз основа на размислувањата во книгата на Х.Кисинджер и кажувањата на неговиот биограф Нил Фергусон предлозите кои се наменети за новиот американски претседател,а се однесуваат:

-Да не се оди ,,ва-банк,,(се или ништо) во трговската воjна или при решавање на конфликтните прашања за Jужното Кинеско Море,туку да се инсистира на,,повеќедржавна дискусиjа,, политика на диjалог и ,,коеволуциjа,,(барање на компромис врз основа на промена на ставовите каj договорните страни).Според Кисинджер Кинезите ќе го прашаат претседателот,,Вие сакате да го запрете економскиот раст на Кина?Ако не сакате,тогаш и САД и Кина ќе бидат силни,,.На тоа прашање Трамп бездруго мора да има одговор.

-Каква политика ќе води со Русиjа коjа Кисинджер jа нарекува:,,ослабена,истрауматизирана земjа коjа се наоѓа во пост-императорски период,,Но вистината е дека ,,Русиjа сака да биде третирана како Голема Држава,како еднаква на себе,а не како со питач,вграден во системот,создаден од САД,,

Пораката до Трамп е дека ,,Русиjа не може да биде внесена во системот преку неjзино преобразување.Овде мора да се договара со ,а  уште поважно, и да се разбере Русиjа,,

-Отворените прашања мегу Русиjа и Украина да се регулираат по мирен пат,со тоа што Украина ќе биде мостот мегу НАТО и Русиjа,но како неутрална земjа.Запирање  на граѓанската воjна во Украина и неjзина децентрализациjа-се ставовите на Х.Кисинджер по ова прашанње.

-Авторот предлага ,.Вrexit,,да се свати како можност да ги извади континенталните Европеjци од бирократските самоанализи и да ги врати во светот на стратегиската одговорност.

-Сириjа да се кантонизира,подели на неколку делови,по примерот ,,како што Америка jа уништи СР Jугославиjа пред 20 години.А на легитимниот претседател Асад да му се даде една година преоден период,во коjа тоj ќе се повлече од политичката афера.И целиот процес е под мониторинг на ,,надворешни сили,,

-Што се однесува до Иран ,,тоj треба да се изолира, исто како и СССР во време на,, студената воjна,,зошто Иран преставува опасност со своето настапување како императорска сила движена од револуционерни идеи,,

-Меѓу останатото реалната политика коjа jа пропагира Трамп би требало да се стреми кон алиjанса на САД,Русиjа и Кина ,основана на база на заедничката опасност од глобалниот тероризам и борба со него и општата желба за ефикасно искористување на сопствените ресурси заради зголемување на сопствениот економски раст.Уште една задача на таа алиjанса е да се уништи Европа ,со што би се отстранил сериозен конкурент со висок статус.САД и Русиjа треба да и помогнат на Ле Пен да победи на претседателските избори во Франциjа,со што ќе се отпочне процедурата за излез на Франциjа од ЕУ,а тоа од своjа страна значи и неjзино распаѓање.

Наjпосле,  Х.Кисинджер го советува Трамп да го преобрази Северо американскиот договор за слободна трговиjа (NAFTA) во кое членуваат САД, Канада и Мексико, во Северноатласки договор,во коj на местото од Мексико ќе биде Велика Британиjа.Целта на ова безцеремоно исфрлање на Мексико е-,,заjакнуваньето на Англо-Атланската сфера на местото од поранешната ЕУ,,

Одприлика ова се советите кои сивиот кардинал,,на американската дипломатиjа, му ги предложил на Д.Трамп,како нов претседател на САД.

Од оваа временска дистанца очигледно е ; со советите за Кина , новиот претседател , очигледно не бил согласен , па затоа започна трговска-воjна коjа е веќе изгубена наjмалку заради две причини:

=Цената на работната сила во Кинеската Народна Република е десет пати пониска од американските колеги по бранша .

-Цената на водење деловни операции во САД се десет пати повисоки од аналогните расходи во Кина.

На долги патеки , трговската воjна, со Кина е премногу скапа и неефикасна во време кога економските и финансиски санкции се преобратиjа во стимулативни мерки за санкционираната држава.

П.С.Колку и да се барав, не успеав  да наjдам ниту еден совет посветен на нашиов регион,ниту за Македониjа,за жал.Затоа ,можеби, е време самите  да си jа исковаме сопствената среќа во многуцентричната нова реалност?.

Зоран Курљан

 

Loading...

Related posts

Leave a Comment