Свет

Соединетите Американски Држави ја одобрија четвртата бустер доза на вакцината Фајзер/Бајонтек

Илустрација, Фото: Shutterstock

Некои научници се прашуваат дали младите, здрави луѓе треба да ја земаат четвртата доза. Студијата на израелските здравствени работници покажа дека четвртата доза обезбедува мала дополнителна заштита во таа возрасна група.

Американските власти одобрија втора бустер доза на вакцината Фајзер/Бајонтек против Ковид-19 за лица постари од 50 години, соопштија фармацевтските компании.

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) ја одобри вакцината за оние над 12 години кои припаѓаат на групи со висок ризик.

Новата доза, четврта по ред, ќе се дава најмалку четири месеци по третата, а целта наводно е да се обезбеди поголема заштита од тешки форми на болести и хоспитализација, соопштија американските и германските компании.

Ова одобрение доаѓа во време на зголемена загриженост меѓу научниците за високо заразната BA.2 подваријанта на омикрон, што доведе до зголемување на бројот на случаи во други земји.

Тие бројки во САД драстично паднаа од јануари, но благо пораснаа минатата недела, според податоците на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, рече дека компанијата работи на ажурирана вакцина која, покрај тоа што штити од активни соеви, штити од болести подолго време.

Фајзер/Бајонтек првично побара одобрение за оние над 65 години, цитирајќи податоци од Израел каде што веќе е одобрена втора бустер доза за лица над 18 години. Компаниите не соопштуваат зошто е намалена старосната граница.

Некои научници се прашуваат дали младите, здрави луѓе треба да ја земаат четвртата доза. Студијата на израелските здравствени работници покажа дека четвртата доза обезбедува мала дополнителна заштита во таа возрасна група.

Владата на американскиот претседател Џо Бајден објави дека САД во моментов имаат доволно количество дози за четврта вакцинација на постарите Американци, иако средствата наменети за пандемијата се при крај.

Владата рече дека веројатно нема да плати за идните вакцини доколку Конгресот не одобри дополнително финансирање.

Дали позади ова инсистирање за нови дози од вакцината се крие можноста за потрошување на залихите на вакцини како можност за дополнителна заработка, која во изминатите две години на фармацевтските гиганти им донесе енормна заработувачка, останува да видиме.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!