Свет

СОРОС ГО НАПАДНА ТРАМП : ТОЈ САКА ДА БИДЕ ДИКТАТОР, НО СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ЌЕ СЕ САМОУНИШТИ

Donald Trump is "willing to destroy the world": George Soros tells ...

Милијардерот Џорџ Сорос го нападна американскиот претседател Доналд Трамп. Сорос рече дека Трамп „сака да биде диктатор“ и дека се надева дека американскиот претседател ќе „се самоуништи“.

„Доналд Трамп сака да биде диктатор . Но, тој toa не може да биде затоа што постои Устав на САД што луѓето сè уште го почитуваат. И тоа ќе го спречи да naправи некои работи. Тоа не значи дека тој нема да се обиде, затоа што тој буквално се бори за својот живот “ , рече Сорос во интервју за британски„ ​​Индипендент “.

Сорос додаде дека се надева „дека Трамп ќе се самоуништи “ и дека во тоа „ги надминал своите најлуди очекувања“.

Американскиот претседател сè уште не реагираше на ваквите тврдења на Сорос, но американските медиуми го сторија тоа.

Според нив, нападот на Сорос врз Трамп е уште еден од неговите обиди да се влијае на американските претседателски избори .

Според наводите на “Политико”, милијардерот досега потрошил 28,3 милиони долари на претседателските избори, донирајќи ги на групи блиски на Демократската партија .

„10 милиони долари на Сорос одат во организација која ги поттикнува Афроамериканците и другите граѓани кои ретко одат на гласање, како би ги мобилизирале да гласаат . Исто така, негови милионски донации отидоа за групи кои ја поддржуваат претседателската кандидатура на Џо Бајден и кандидатурите на демократите за Сенатот “, наведува „ Политико “ и додава дека Сорос сепак досега директно не го поддржал Бајден. Тој во октомври рече дека Елизабет Ворен е најквалификувана да биде американски претседател, но таа се повлече од трката за номинација на демократите.

Related posts

Leave a Comment