Регион

Со благослов на митрополитот Амфилохије, во Подгорица крстено трансродово-лице

Трансродова личност Вук Аџиќ се крстеше вчера со благослов на митрополитот-црногорско приморски Амфилохије во Храмот на Христовото воскресение во Подгорица, според претседателката на Форумот на ЛГБТ, Бојана Јокиќ.

Таа изјавила дека Аџиќ е крстен под името Вук и ако во неговата лична карта сè уште стои неговото женско име.

“Вук е транс момче кој сè уште не поминал низ целокупната транзиција. Нема збор со кој може да се опише ова чувство на среќа и гордост. Денес, христијанската љубов кон човекот ги надмина сите разлики. Благодарам на Митрополијата што ги прима сите свои деца со отворени раце”, напиша  Јокиќ на својот официјален профил на Фејсбук.

Аџиќ се крсти во црногорска носија, а Јокиќ рече дека ова е прв случај на крштевање на транс лице кое не ја поминало целосната транзиција.

„Државата не е подготвена да го прифати неговиот идентитет пред транзицијата, и затоа тој има женско име во сите документи, а во СПЦ  во документот за крштевање“, му пишува Вук “, додаде Јокиќ.

Аџиќ неодамна за медиумите ја имаше својата исповед за неговото претепување пред вратата на неговиот семеен дом во селото Матечево кај Колашин. Во интервјуто тој рече дека „црквата е единственото место каде што тој може да каже дека на некој начин е безбеден“.

 

 

Related posts

Leave a Comment