Свет

Тројца италијански пожарникари загинаа во експлозија(ВИДЕО)

Novi Sad889 Vatrogasci pozar u barakama mostogradnje foto Nenad Mihajlovic

Тројца пожарникари загинаа во експлозија во зграда во Кварњенто, населба во италијанската провинција Алесандрија.

Експлозијата се случила околу два часот навечер во едно домаќинство, а пожарникарите веднаш пристигнале на местото на настанот.

Иако првично се сметаше дека пожарот е предизвикан од истекување на гас, при пристигнувањето на пожарникарите дошло до уште една експлозија. „Слушнавме гласно татнеж, а потоа повикуваме на помош“, рече еден жител.

Не е исклучена можноста дека пожарот бил подметнат.

Загинаа тројца пожарникари, додека двајца беа повредени, како и еден карабинер. Повредените се пренесени во болница.

Кварњенто е село со околу илјада жители, чие главно занимање е земјоделството.

Related posts

Leave a Comment