Македонија

Со сапун, дезинфекција на обувки и едукативни часови против корона вирусот

После изјавата од пред неколу дена со која нашата тнр власт ни соопшти дека секојдневно се на линија со Светската Здравствена Организиција и ги следат нивните препораки и навремено ќе знаат дали да ги проверуват и европските патниците кои слетуваат на ‘нашиот аеродром, во нашата земја‘ и дека нема причина за загриженост, се било под конторла, денес конечно  превземале  мерки.

На денешната владина седница  на  Министерството за здравство (МЗ) му беше наложено итно да набави соодветна количина сапун и дезинфекциски средства за училиштата, детските градински и јавните тоалети. Од другите мерки на превенција е препораката до сите основни и средни училишта, како и универзитети да ги одложат предвидените патувања и екскурзии во Италија и да организираат едукативни часови за превенција од корона вирусот. А Установите за згрижување на деца од предучилишна возраст добија препорака да преземат мерки за соодветен третман за дезинфекција на обувките при влегување во градинките.

Од вчера доцна попладне  ‘го подигнале безбедносното ниво во земјава‘. Алармот проработел. Сега сите патници се проверувале. Не само тие што доаѓаа од Кина.

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека од  вчера се скенираат сите патници на аеродромите и граничните премини и дека на аеродромите се активирани повисоки мерки на заштита . Граничната полиција ги прашува патниците дали доаѓаат од критичните региони, а епидемиолог прави интервју за понатамошно тестирање.

Во моментов на  Клиниката за инфективни болести се врши тестирање за корона вирус кај патничка која пристигнала од Милано.

Министерството за здравство на својата веб страна  објави дека резултатите од патничка која пристигнала со вчерашниот попладневен лет од Милано во Скопје ќе бидат готови во наредните 4 часа, по 03 часот по полноќ и дека по добиените резулатати веднаш ќе ја известат јавноста.

 

 

 

 

 

Loading...

Related posts

Leave a Comment