Регион

Србија не е заинтересирана да стане членка на НАТО

 

Белград нема да стане членка на НАТО се додека Александар Вучиќ е претседател, изјави во интервју за српските медиуми министерот за одбрана, Александар Вулин.

“Воено Србија е неутрална држава. И тоа ќе остане така. Додека Александар Вучиќ е српски претседател и јас сум министер за одбрана, нашата земја нема да стане членка на НАТО. Не можеме да заборавиме и не можеме да ја простиме агресијата на НАТО. Не постои начин да се преобратиме. Ние можеме да ги погледнеме сите смело во очите, но далеку  сме  од тоа искрено да  се гледаме во очите со некои од нив “, рече Вулин.

Тој потсети дека Белград учествувал во проектот на НАТО Партнерство за мир, кој го опиша како “оптимално ниво на соработка”, бидејќи тоа не претставува пречка за српскиот дијалог со Русија, Кина или Организацијата за колективна безбедност.

Според него, единствената сила способна да ја гарантира безбедноста на Србите во Косово и Метохија беа Силите за Косово (КФОР) предводени од НАТО, па Србија мораше да одржува добри односи со НАТО без да влезе во организацијата.

“Не можеме да бидеме сигурни дека ќе можеме да останеме независна држава ако станеме дел од некој воен блок. Сакаме сами да одлучуваме. Ние не сакаме да бидеме членка на НАТО, бидејќи бевме бомбардирани, а исто така и затоа што не правиме што треба да бидеме принудени да го правиме она што другите го направија за нас. Ако НАТО е против некој, тоа не значи дека и ние сме против тој  некој. Не сакаме да бидеме вклучени во конфликтите на другите и нивните судири “, рече Вулин.

Loading...

Related posts

Leave a Comment