Свет

Србија се согласи да ја тестира кинеската вакцина

Србија се согласи да ја тестира кинеската вакцина 1

Кинеската национална група за биотехнологија (ЦНБГ) и Синовак Биотек ДОО соопштија дека повеќе земји се согласиле да учествуваат во третата фаза на клинички испитувања на нивните вакцини за коронавирус, објави Ројтерс, наведувајќи дека помеѓу нив се наоѓаат и Србија и Пакистан.

Србија и Пакистан се меѓу земјите кои се согласија да учествуваат во третата фаза на тестирање, додека кинеските компании бараат повеќе податоци од странство за конечни одобрувања на потенцијалната вакцина, бидејќи во Кина има помалку нови инфекции и не е соодветна како место за тестирање.

За да добијат дозвола за масовна употреба на вакцините, фармацевтските компании мораат да докажат дека се безбедни и доволно ефикасни против вирусот, кој наводно зарази повеќе од 26 милиони луѓе ширум светот и уби повеќе од 870 000 лица.

Кина веќе дозволи да се даваат две вакцини ЦНБГ и една вакцина Синовак на ограничени групи луѓе кои се соочуваат со поголем ризик од инфекција, како што се медицинските работници.

Двете вакцини ЦНБГ ќе бидат тестирани во Србија, додека Пакистан ќе тестира вакцина изработена од подружницата на компанијата во Пекинг, изјави за Ројтерс потпретседателот на ЦНБГ Жанг Јунтао, додека претставник на Синовак одби да каже за кои земји станува збор кога станува збор за третата фаза на тестирање на вакцините.

Loading...

Related posts

Leave a Comment