Свет

СТАМПЕДО ВО ЦЕНТАРОТ НА ВИЕНА : Луѓето бегаат хаотично во моментот кога се слушнаа првите истрели (ВИДЕО)

СТАМПЕДО ВО ЦЕНТАРОТ НА ВИЕНА: Луѓето бегаат хаотично во моментот кога се слушнаа првите истрели (ВИДЕО)

СТРАШНИ снимки и фотографии од терористичките напади во Виена вечерва го обиколуваат светот.

Терористите извршија координиран удар на шест локации во центарот на градот.

Кога се слушнале истрелите и кога луѓето што се нашле на улица и во кафулињата и рестораните сфатиле што се случува, настана паника.

Стампедото започна во центарот на Виена. Луѓето бегаа од налетите на терористите.

За потсетување, терористичките напади се случија вечерва во Виена на шест локации.

Според неофицијалните податоци, во нападите загинале седум лица, иако полицијата досега не дала официјални информации. Во болниците има 15 лица, а според официјалните полициски податоци, неколку лица биле сериозно повредени, меѓу кои и еден полицаец.

Loading...

Related posts

Leave a Comment