Актуелно

Стефан Влахов Мицов испровоциран ја напушти емисијата Во Цдентар на Васко Ефтов (ВИДЕО)

Синоќа во емисијата „Во Центар“, на Васко Ефтов, гостин беше историчарот Стефан Влахов Мицов.Тема на разговорот беше наводното признавање на нашата црква од Вселенската патријаршија. Влахов Мицов во емисијата инсистираше на тоа дека ова не е никакво признавање.

-Најди ми каде пишува МПЦ, каде пишува архиепископија, пишува само Охридска, му рече Влахов Мицов на Васко Ефтов, одговарајќи на постојаните провокации кој доаѓаа од новинарот домаќин.

Васко Ефтов го праша Мицов, зошто тогаш реакција од Русија, доколку ова не е ништо и не е никакво признавање.

По ова, Влахов Мицов се изнервира, а во еден момент стана и му се внесе на новинарот Ефтов со зборовите:

„Јас имам достоинство! Достоинство! Не дозволувам никој да ме зафркава! Не дозволувам, по што го напушти интервјуто.

 

Related posts

Leave a Comment