Свет

СТОЛТЕНБЕРГ ДО ЗЕЛЕНСКИ: Мора да го прекинеме овој конфликт, а не да го шириме!

 

Откако претседателот на Украина, Владимир Зеленски изјави дека Украина се откажала од влезот во НАТО, зборуваше и генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

– Ситуацијата во Украина може да излезе од контрола – изјави генералниот секретар на НАТО Столтенберг – Путин продолжува и последиците од неговите постапки се поразителни. Неколку цивили беа убиени и ранети, а два милиони луѓе ја напуштија Украина. Ова е најбрзо растечката безбедносна криза во Европа од Втората светска војна, рече тој.

Тој додаде дека има поверодостојни информации за пукање во цивили кои се обидуваат да ја напуштат Украина.

– Пукањето во цивили е воено злосторство и е тотално неприфатливо. Мора да се изградат угледни хуманитарни коридори, рече Столтенберг. Рековме дека Путин ќе ја плати цената за агресијата врз Украина и таа цена веќе се плаќа. Жртвите што ги гледаме во Украина се страшни и не погодуваат сите нас, а ние имаме одговорност да обезбедиме конфликтот да не ескалира, рече Столтенбер.

Според него, ескалацијата на конфликтот би била уште подеструктивна и погубна.

– Ситуацијата може да излезе од контрола. За да се осигура дека нема место за калкулации во Москва, НАТО го засили своето присуство во источните партнерски земји, рече тој.

Столтенберг рече дека НАТО има 140 авиони и 200 бродови и илјадници војници во регионот.

– Ќе ја заштитиме секоја педа од Литванија, и ќе ја заштитиме секоја педа од територијата на нашите сојузници, рече тој. Северна Америка и Европа стојат заедно посилни од кога било досега во историјата, рече тој.

– НАТО е обединет во овој критичен момент за нашата безбедност, рече тој.

На прашањето на новинарите како би му помогнал на Киев, Столтенберг рече дека НАТО испратил помош за Украина на неколку начини.

– Мораме да го прекинеме овој конфликт, а не да го шириме. Затоа го зајакнавме нашето присуство во Литванија и во источниот дел за Русија да сфати дека мораме да ги заштитиме нашите партнерски територии, рече тој.

Потсетуваме, Зеленски рече дека кога станува збор за НАТО, Украина го изгубила интересот за тоа прашање бидејќи сфатиле дека НАТО не е подготвен да ја прифати Украина, наведувајќи дека Алијансата се плаши од контрадикторни работи и конфликти со Руската Федерација. Тој го обвини Западот за човечките жртви во Украина, кој, како што рече, одби да го затвори небото и да и обезбеди авиони на Украина.

Related posts

Leave a Comment