Регион

Сцената од Суботица ги згрози луѓето: Баба си го шета внукот со синџир

Слика може припадати 6 особа, дете, људи стоје и напољу

Една сцена на улиците на Суботица ги шокираше сите.Имено, на интернет кружи фотографија на која една баба се шета со својот внук, додека го држи момчето на синџир врзан околу вратот.

Луѓето почнаа масовно да ја споделуваат оваа фотографија, а според Suboticke.rs , бабата е од Будимпешта и моментално работи на саемот што деновиве се одржува во Суботица.

 

Таа не сакаше да се претстави, но рече дека тоа е „игра“ и дека момчето сам си го врзувало синџирот околу вратот. Мајката на момчето ја потврди оваа приказна, како и околните продавачи на саемот.

Сепак, и да беше само игра, момчето можеше да се сопне и исходот да беше фатален, а луѓето во коментарите на интернет ја осудија оваа постапка на бабата на момчето.

 

 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!