Свет

ТАКЕР КАРЛСОН ЈА „ШОКИРА“ АМЕРИКАНСКАТА ЈАВНОСТ: Што правеа во тајните украински биолаборатории?(ВИДЕО)

Американскиот водител Такер Карлсон остро го критикуваше постоењето на биолаборатории во Украина, за што зборуваше и Викторија Нуланд.

Тој потсети дека бројните „проверувачи на факти“ ги негираа тврдењата дека Америка финансирала биолошки активности во Украина.

Американскиот заменик државен секретар Викторија Нуланд изјави дека во Украина има капацитети за биолошко истражување и дека Киев и Вашингтон работат на тоа да спречат материјалите акумулирани таму да паднат во рацете на руските сили, потсети Такер во својата емисија на Фокс њуз.

– Викторија Нуланд сега не извести дека „руската дезинформација“ за која со денови ни кажуваат дека се „лаги, теории на заговор, глупости“ се всушност целосно вистинити. Леле, тоа не го слушате секој ден во Вашингтон. Што правеа во тајните украински биолаборатории? – праша Такер и потсети колку е сиромашна Украина.

Водителот не верува дека во Украина се произведува лек за леукемија, но претпоставува дека се работи за био оружје, особено имајќи предвид дека Нуланд не одговори директно на прашањето за био оружје.

Иако Пентагон ги негира  изјавите на Русија дека САД користеле биолаборатории во Украина за производство на биолошко оружје, Такер го изрази своето мислење дека Пентагон лаже.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!