Македонија

Талат Џафери : Вршат притисок врз мене, се освен седница по избори е обид за пуч

Талат Џафери: Згрешив, не е крај на светот

Отворен судир на Талат Џафери со СДСМ.Собранискиот спикер во изјавата за ТВ 21 вели дека секој обид за заседавање на собранието освен по избори е обид за пуч. Џафери тврди дека се прават притисоци врз него за повторно свикување на парламентарниот состав иако како што истакнува нема можност за такво нешто.

“Собранието може да се врати само на следните избори, и тоа може да го стори народот. На 16-ти февруари секој пратеник гласаше за престанок на мандатот. По наредните изботи ќе се собере Собранието”, тврди Џафери.

Повод за аквата изјава на Џафери е иницијативата на СДСМ и коалицијата за свикување на законодавниот дом за потврдување на вонредната состојба од Пендаровски и владините уредби. На иницијативата се потпишани 35 пратеници кои бараат од Џафери да свика седница.

Во СДСМ и денеска остануваат со непроменет став дека седница треба да биде свикана. Ќе го почитуваат ставот на Џафери, но сметаат дека треба да добијат директен одговор од него, а не преку медиумите.

Наспроти ова бројни експерти сметаат дека распуштен парламентарен состав не може да заседава. Нелогично е според нив ако претседателот донел одлука за вонредна состојба распуштен парламент да ја потврдува. Пратениците според упатените можат да свикаат седница на парламент кој е во заседание.

Лидерот на опозицијата побара лидерска средба кај Пендаровски на која ќе се расправа и за барањето на СДСМ за кое Мицкоски смета дека е неуставно. ВМРО-ДПМНЕ е со став дека изборите во моментов не се приоритет иако се убедени во изборна победа.

Се шпекулира дека наметата на СДСМ била свикување на парламентот освен за легитимирање на на одлуките на владата и пендаровски и за брзо распишување на парламентарни избори во Јуни или Јули. Соочени со можните негативни ефекти од корона вирусот и фактот дека прашањата еѕи нато паднаа комплетно во втор план. Доколку тоа не го стори талат Џафери во игра била и негова смена.

Loading...

Related posts

Leave a Comment