Колумни

Тања Царовска: Новите мерки за игнорантни идиоти што ги поддржуваат фашистичките мерки за сегрегација и дискриминација по вакцинален статус се следниве

Можно е да е слика од 1 лице

БРЕЈКИНГ!!! Од најновата седница:Новите мерки за игнорантни идиоти што ги поддржуваат фашистичките мерки за сегрегација и дискриминација по вакцинален статус се следниве:

– Да не излегувате од дома без да си инјектирате (наведен подоле) коктел средства за смирување, опасни сте по моето ментално здравје а за физичкото да не зборам, ми се качува притисокот инстантно од вашата игноранстност или продаденост, шо и да е (и двете се луди и неприфатливи), ме повлекувате надолу цивилизациски, културно, финансиски и едукативно, го спречувате мојот личен напредок во секоја смисла.

Здравствено? Ме убивате начисто. Научниците експерти тврдат дека најтешките болести произлегуваат од стрес и негативни емоции, па јас страдам премногу од вашиот идиотизам. Затоа, мора да ги почитувате задолжителните мерки за следниот период, додека излеземе од оваа најстрашна во историјата пандемија на глупоста.

– Пред да напишете било што на мреживе, зомбификувајте се со наркотици за смирување (tranquilizers), не сум должна да ве трпам да тресете идиотштини од инфо-изворите на фарма-мафија! Ако сепак не ги земете лекарствата и се осмелите да пишувате, ќе ве фактчекирам на секој збор со вистината, ама голата вистина. Не јас лично, ќе отворам фирма за идиотчек, нормално.
Плус, ќе ве пријавам во полиција за нарушување на мојата здравствена состојба.

– Да не излегувате од дома, да не влегувате во затворени објекти со повеќе од 30 лица (засега, бројката ќе варира соодветно со состојбата), да не сте услужени во продавници, недајбоже да сте отишле на културен настан, има многу кревки души и може сериозно да се прошири опасноста па во Бардовци да чекаат луѓе по ходници да ги примат од вашата негрижа! Да не сте влегле во градски превоз, да не сте отишле на работа, ма никаде од теретана до кафана без да се инјектирате со по една дијазепам од 10 со додадени лоразепам, алпразолам, триазолам, лимбитрол и естазолам, за моја безбедност и на тие како мене на раб на нервен слом од што ни ги подувте две години со “науката и научниците” ко да не знаеме азбука и да сме паднати од факинг Марс.

Е сега, може да има несакани ефекти па и смрт во некои случаи ама пак тоа е незначајно во споредба со животите на ранливите категории на луѓе кои ќе ги спасите со вашата одговорност и пресметан ризик. Раатот ќе се врати на светот и ќе бидете запишани во историјата како херои.
Напомена: и да не чувствувате симптоми, смирувачкиот коктел земете го за секој случај, зашто може да сте асимптоматски идиоти (повеќето не знаат дека се) па да ставите шубе и на останатите ментално ранливи лица со вашите паранои за замислени опасности од летечи патогени и соеви како да не постоиме илјадници години како вид и како од ништо друго да не се умира.
Не сте игнорантни лудаци? Не ви требаат лекарствата?

Не сум ни јас ни болна ни заразна, нит ми треба вашата “граѓанска обврска” во шприц, ајт у Трилепе.
П.С. објавава е во 3 сабајле зашто стварно не ми е до лајкови, едноставно состојбата е алармантна па свикав итна седница, и онака вие што е за вас ова наменето не лајкате ама си читкате поштено. Кис.

Тања Царовска

Related posts

Leave a Comment