Колумни

Тања Јанспи: ЗА ПОПИСОТ!!!

Може да биде слика на текст

ПОЧНА ДА СЕ РЕАЛИЗИРА МАКЕДОНСКИОТ СИНДРОМ И ПО ОВА ПРАШАЊЕ :
– ВМРО пропагира да се по пишуваме, Блокот политички партии и здруженија БОЈКОТИРАМ ПОПИС веќе е во кампања да не се излегува на попис.
Македонскиот народ повторно збунет и поделен на средина и тоа десетина дена пред почетокот на пописот. Нарачателот на фингираниот попис задоволен, неговите одработувачи (албанците и заевистите, со службите) го ораат теренот!
ДОСТА МУ Е НА НАРОДОТ!
Она што е очебијно е поделеноста во ставовите. Се отвори темата на еден портал, се виде огромната поделеност во мислењата и тука треба да се застане на фб бидејќи за вака суштински работи фб не е место.
Бидејки ВМРО неколкупати ја смени тактиката и ставот за пописот,
– бидејки е веќе формирано движење Бојкотирам попис кое ја почна својата кампања!
– бидејки до април има десетина дена,
– бидејки и кај едните и кај другите е сфатено дека попис не смее да спроведе оваа корумпирана послушничка власт,
– бидејки сите матични одделенија на МВР ги водат албанци,
– бидејки се назначија еден куп амбасадори албанци, потребно е под итно ВМРО да престане да изиграва увреѓена госпојца од големото добро утро и да седне:
– со Левица (а и овие да го симнат залетаното его, за да не бидат треснати од земја),
– потоа со Родина, Трета, (овие да се наоружаат со трпение оти краток им е фитиљот),
– Глас за Македонија, па и да пробаат да ги седнат на масата Бачев и Интегра и како политички партии кои во дадениот клучен момент ја носат ОДГОВОРНОСТА ЗА ОПСТАНОКОТ ЗА СЕМАКЕДОНСКО и која ќе им биде запишана во македонската историја.
Да ги разгледаат СИТЕ опции, ризиците и последиците од нив. Да ги заборават тврдите политички ставови, нетрпеливост и предрасуди и НЕКА ДОНЕСАТ ОДЛУКА КОЈА ЌЕ ВАЖИ ЗА СИТЕ МАКЕДОНЦИ.
Машка тешка одлука нека донесат!!!
Време е тие со свој пример да покажат спремност за саможртва со цел носење на единствена историска одлука!
СЕ ДРУГО Е ПРВО НА НИВНА ШТЕТА И УШТЕ ПОГОЛЕМА ШТЕТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ!
Таква лекција доби ВМРО кога не доби претседател на државата,а овие помалите добија освестувачки шамар на изборите, лекциите треба да се учат, а не да се повторуваат грешките!
На состанокот треба да се дојде со податоци и информации за операцијата на калето која ќе се спроведува преку пописот и тоа да се разгледува таму. Сите опции! Седнете и со свој пример покажете разумност и капацитет за носење важни одлуки во важни времиња.
НАРОДОТ ТОА НЕМА ДА ГО ЗАБОРАВИ!
Уште нешто, да не се заборави дека албанците и заевистите се само одработувачи на проектот и цифрите кои му се потребни на Нарачателот за тој да си ги оствари целите на овие геопростори. Тоа да ви биде пред очи и ум врзано во крпче.
И уште една работа, исто толку важна, мора да се има на ум при градењето став. При пописот, не само што се брои населението, туку се скенира и имотот. Овој аспект на Нарачателот му е исто така многу битен, бидејќи во неговите стратешки цели е предвидена миграција на овие простори(се во свое време).
За што Оливер како министер на МВР стави потпис на Макарешката Спогодба, а оваа власт веќе почна да зборува за продавање на македонско земјиште, па така многу е можно во еден момент во нашите празни станови и куќи, властите вакви какви што се, да распоредуваат мигранти.
Од мене толку, од Бога повеќе!!!

 

Пишува Тања Јанспи – ЗА ПОПИСОТ!!!

Македонски документи: 16 кракото сонце сè уште грее

 

 

 

Loading...

Related posts

Leave a Comment