Свет

Твитер повторно го саботира Трамп : Неговиот твит означен како ,,величање на насилство”

Twitter 'came up with a separate set of rules' for Trump | Fox ...

Социјалната мрежа Твитер објави предупредување веднаш до објавата на американскиот претседател Доналд Трамп, во која се вели дека „го велича насилството“.

Твитер ја постави сценографијата за нова пресметка со претседателот Доналд Трамп, така што пред неговата објава за немирите во Минеаполис постави предупредување дека тој „велича насилство“.

“Овие крадци го уништуваат споменот на Џорџ Флојд и јас нема да го дозволам тоа. Само што разговарав со гувернерот Тим ​​Волц и му реков дека армијата е на негова страна. Ако има проблем ќе ја преземеме контролата. Кога почнува грабеж, почнува и пукање. Ви благодарам”, се наведува во контроверзната објава на американскиот претседател.

Реакцијата на Твитер дојде веднаш откако Трамп потпиша указ со кој се ограничува заштитата на социјалните мрежи од правна одговорност.

Тој изјави дека „во американската историја е без преседан толку мал број на корпорации да контролираат толку голема сфера на човековите интеракции“.

Твитер оцени дека одлуката на Претседателот на САД е „реакционерен и исполитизиран пристап кон законот“, како и дека тоа е закана на слободата на говорот.

Портпаролот на Гугл изјави дека одлуката ќе му наштети на американската економија, додека Фејсбук посочува дека ќе ги охрабри платформите да цензурираат се што може да изгледа дека навредува некого.

Трамп ја потпиша извршната наредба два дена откако ја критикуваше компанијата Твитер затоа што ги повика корисниците да ги проверат фактите презентирани во два негови твита.

Loading...

Related posts

Leave a Comment