Македонија

Толку од бојкотот на Солза

Со барање на прием кај претседателот на тн. ,,Северна,, Македонија,Солза Грчева и официјално ги напушти принципите на движењето Бојкот од кој составен дел беше нејзината партија Глас за Македонија.Со тоа дефакто таа го призна легитимитетот на Пендаровски а истовремено и ја призна фиктивната творба со име Северна Македонија.

Претседателот на Република ,,Северна,, Македонија, Стево Пендаровски, денеска, на нејзино барање, ја прими претседателката на политичката партија Глас за Македонија, Солза Грчева.
Грчева ги пренесе ставовите на нејзината политичка партија во врска со изборниот систем, финансирањето на политичките партии и медиумското претставување на политичките партии во изборниот период. Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, го повтори својот став дека дава поддршка на иницијативата на неколку политички партии, доставени во изминатиот период до Кабинетот на Претседателот, за изборниот модел преку
измена на изборниот законик. -Претседателот на ,,Северна,, Македонија, Стево Пендаровски, смета дека демократскиот развој, еднаквоста, владеењето на правото, и правото на фер и слободни избори, се важен фактор за европските интеграции на државата, а во функција на просперитетот на Република ,,Северна Македонија,, , се наведува во соопштението.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!