Став

Томче Ширков: Демократски процедури и северни закони

Нема достапен опис

Демократски процедури и северни закони

“Собраниската процедура мора да биде одблокирана за да се донесат важни и приоритетни закони”- Потврдија по заедничката средба “премиерот” З.З и “спикерот” Т.Џ.

Сигурно се прашувате?

Зошто е толку итно да се носат закони на виртуелна електронска седница, без парламентарно мнозинство? И кои се тие закони што се толку приоритетни?

Тимот на #НеОтворамВрата има ексклузивни информации од извори блиски на владата.
Имено, инсистирањето е само за еден најважен, приоритетен закон.

Сите оние граЏани кои се викаат Македон/ка, односно Дончо-Донка ќе мора да се преименуваат во Муртин или NATOA. А сите оние родово еднакви лица со репродуктивен орган- вагина кои носат има Александра ќе мора да се преименуваат во “Воинка на коњ” во понатамошната употреба во животот само “Воинка”.

* Сите оние кои ќе одбијат да го сторат тоа најдоцна до 1ви април ќе бидат казнети со казна од 300-2000 €. А сите оние кои ќе бидат фатени дека организираат отпор и ги потикнуваат граЏаните да не си ги променат личните имиња ќе бидат казнети со казна затвор од 3-5год.

ЈУБИЛЕЈНО #блескамевонато 1 година.

Томче Ширков

Loading...

Related posts

Leave a Comment