Колумни

ТОМЧЕ ШИРКОВ : ДО МЕРКИТЕ НА ЕКСПЕРТОТ ОД СЕВЕРНО МУРТИНО ЌЕ ДА Е!

                                 До мерките на експертот од Северно Муртино ќе да е !

Се посилно се разгорува дебатата и се наметнуваат дилеми зошто Македонија сама, има два пати повеќе заболени од цел Балкан заедно?! Расправата е жолчна и “докажани“ експерти од различни области се обидоа да кажат зошто е тоа така.

Дури и Црпле имаше елаборација на темата и ни појасни дека : “ Вирусот се повеќе слабее, симптомите и ефектите му се послаби и затоа ситуацијата е под целосна контрола, но короната се шири, ќе се шири и не знаеме до кога и колку ќе се прошири“…Доброоо, само не ми е јасно во кое експертско својство господинот од северно Муртино тоа го елаборираше? Дали како премиер (сеуште се замислува дека е премиер), дали како вирусолог, епидемиолог или како искусен одгледувач на корнишони???

Било како било да не се врткаме наоколу и аман од експерти кој ја усложнуват ситуацијата која е многу едноставна. Имено како и сите мерки на Хунтата такви беа и овие “ Заштитни мерки“

1: Беше забрането луѓето да шетаат по сонце планини и шуми ( да не ги запалеле), а беше дозволено и стимулирано пензионерите и ранливите групи да шетаат ноќе и во мугри како вампири во 5 часот (како не би се сретнале со младите и учениците)? УВ од сонцето, алфа честичките и витаминот Д се 3 од 10 најважни елементи на имунитетот на секој човек, а недвижењето и опстојот во затворен простот ги намалува макрофагите до три пати!

2: Беше забрането ( исмевано и стигматизирано) одење на Литија на која луѓето се на отворено и на меѓусебно растојание на 1,5 до 2 метри, а беше дозволено туркање во банки, маркети, пошта и посебно на пазар каде луѓето буквално си дишеа во врат на растојание од 30цм.

Инаку научно докажано е дека верските обреди ( за оние кој веруваат) носат хармонија, психо-соматско смирение и го покачуват нивото на ендорфин и серотонин во крвта.

3: Беше забрането екскурзии и прошетки за деца ( дури и сопствени) во сопствено возило ако сте повеќе од 5 луѓе…што правиме со семејствата што имаат 4-5 и повеќе деца? Но затоа беше дозволено возење во автобуси во кои многу често имаше и по 30 пензионери кој маската ја носеа за украс, под носот или под брадата. Дури беше овозможен и бесплатен превоз за пензионери.

4: На неколку пати во денот преку јавни гласила се повторуваше да се мијат рацете божем сме камено време, а никој никаде не им кажуваше на луѓето да јадат лук, никулци од жито, прополис или матичен млеч, лекот е пет пари, значи ова е респираторен вирус не е пегав тифус, ниту резистентен антракс.

5: Најпрво се одеше со кампања, “остани дома-спаси живот“, “Короната коси“ е откако луѓето видоа колку е тоа нереално, филувано, напумпано и откога се создадоа 100 теории од тоа дека короната ја измислиле кинезите за да продаваат маски до тоа дека вируси воопшто не постојат, ги измислиле американците да продаваат сапун и детергенти, после тоа се прибегна кон девизата: Не сме ние криви народот е непослушен, инатлив и ретардиран…цел народ комплет. РЕЗУЛТАТОТ Е ЕВИДЕНТЕН!

PS. Авторот на текстот не се произнесува како здраствен работник и Мr-Ph, туку како резонатор и споделувач на логично размислување.

Томче Ширков

Loading...

Related posts

Leave a Comment