Колумни

ТОМЧЕ ШИРКОВ : ПРЕКУ ЧИСТИЛИШТЕ ДО ЕДИНСТВЕНА РОДИНА МАКЕДОНИЈА!

РОДИНА МАКЕДОНИЈА

ПРЕКУ ЧИСТИЛИШТЕ ДО ЕДИНСТВЕНА РОДИНА МАКЕДОНИЈА!

13 октомври 2020 година, Скопје, Македонија – Родина Македонија е политичка партија во државата Македонија, регистрирана годинава, со идеи кои тлеат меѓу Македонците вткаени во генерации пред нас – за суверена и самостојна Македонска држава, држава Македонија, за Македонија на Македонците по Гледстон.

Родина Македонија ја информира јавноста за дезинформациите кои деновиве кружат, со нејзина злоупотреба од поединци кои времето ги разобличи.

Родина Македонија е транспарентна и отчетна партија на одговорни луѓе, дома и во светот, кои си ја сакаат татковината и во која членуваат достојни Македонци!

Родина Македонија е политичка партија, различна од останатите, Таа е без претседател, без лидер, без конгрес. Орган на управување на политичката партија е нејзиното Претседателството кое го сочинуваат дванаесет плус еден членови. Сите членови на Претседателството на Родина Македонија се рамноправни меѓу себе, одлуките се донесуваат со согласност на сите!

Родина Македонија го практикува системот на одлучување на Македонците од раната антика (Аргеан – советот на старешини на Ајга), па се’ до Карпошовото востание и Крушевската Република.

Родина Македонија овој систем на колективно одлучување го оцени за најдобар, бидејќи е изворно македонски и бидејќи го положил тестот на времето, одлична превенција е од “узурпација“ од поединци или групи врз партија и здружение, преку таканаречени “политички удари од внатре“, “пучеви од службите“ и слично. Колективниот систем на одлучување оневозможува лична диктатура и тоталитарна власт во партијата, елиминира “себепромоција“ на “лидери“ во лов на страст за власт и сласт за моќ и пари, без љубов со срце и душа за Македонците и Македонија.

Родина Македонија потврдува дека тестот на времето уште еднаш покажа, сме биле во право кога сме го избрале овој систем, затоа што откога короната и карантините стивнаа, а Родина Македонија и нејзините настани, информативни емисии и содржини почнаа да растат и будат зголемен интерес, на површина испливаа старите “зли духови“ кои го мачат Македонецот од дамнеж.

Родина Македонија со индигнација информира дека се појавија 4-5 члена кои почнаа да ги кочат и проблематизираат: Статутот, Деловникот, идеологијата и начинот на работа на партијата. Меѓу нив беше и поранешниот член на претседателството и јавен гласноговорник на партијата Горан Шумкоски. И покрај јавните и писмени предупредувања од членовите на Претседателството, Горан Шумковски продолжи да работи спротивно на Статутот и идеологијата на Родина Македонија. Поради тоа, најпрво му беше изгласана недоверба и беше разрешен од Претседателството, за подоцна да биде суспендиран и исклучен од партијата.

Родина Македонија соопштува дека Горан Шумкоски беше суспендиран и исклучен од партијата со 11 од вкупно 12 гласа, само еден член не гласаше. Горан Шумкоски за цело време беше недостапен за органите на партијата. Заедно со него беа исклучени и уште тројца членови на партијата.

Неколку седмици и денови после исклучувањето, исклучените, спротивно на Статутот, Деловникот и принципите на работа на Родина Македонија организираа трибина која ја нарекле “Конгрес“, иако таков орган во партијата воопшто нема, за подоцна да ја наречат “Централен Одбор“ на кој присуствувале личности кои воопшто не се членови на партијата, немаат потпишано пристапница, ниту се нејзини основачи. Зошто ова го сториле исклучените поранешни членови, засега Родина Македонија нема конкретни сознанија, иако се претпоставува, но тоа веќе и не е важно, бидејќи тие не се членови на политичката партија Родина Македонија!

Родина Македонија ги демантира сите инсинуации и злигласини, дека партијата се поделила, дека има ново раководство, дека се одметнале стотина членови, сето тоа воопшто не е вистина!

Родина Македонија јавно огласува дека останува цврсто на своите принципи на работа, на своите идеали, го почитува Статутот и Деловникот за работа, во комплетен состав и со уште многу нови членови.

Родина Македонија информира дека и натаму остануваат во употреба официјалната веб-страница на партијата www.rodina.org.mk, блогови и емисии, јавниот трибунал “Родински разговори“! Родина Македонија останува на истата адреса, во истата канцеларија во Скопје, како основна и главна адреса за кореспонденција.

Родина Македонија се огради од страницата на нејзино име регистрирана во Лондон www.rodina-makedonija.org, од таканаречените “задгранични“ претставници од САД, Канада и Германија, и од виртуелните измислени членови и “комитети“ кои никаде ги нема!

Родина Македонија обелоденува дека сите овие лица кои извршиле злоупотреба на името и Статутот на партијата, ќе бидат тужени за лажно претставување и злоупотреба на името и симболите на партијата.

Родина Македонија, таканаречената седница на “Централниот одбор“ во Прилеп на 11 октомври 2020 година и таканаречните одлуки донесени на неа ги смета за ништовни, бидејќи се донесени во постапка во спротивност со Статутот и Деловникот на партијата и од лица без активна легитимација кои се исклучени поранешни членови, а од голем број и лица кои воопшто не се членови на Родина Македонија.

Родина Македонија се заблагодарува на сите пријатели и соборци кои отпорано предупредуваа за ликот и делото на Горан Шумкоски и исклучените поранешни членови, во филтрацијата и лустрацијата од уфрлени “кртови“ во партијата. Заедно сме посилни, единствени продолжуваме во борбата за слобода и победа на Македонците и Македонија! Никогаш северна, само Македонија!

РОДИНА МАКЕДОНИЈА верува во способноста и волјата на македонскиот народ да ги земе работите во свои раце за да ја врати државата на изворните принципи и вредности на ма…

Loading...

Related posts

Leave a Comment