Колумни

Томче Ширков : Реал-Рационализам наместо изборен Романтизам

Избори ќе има ! Изборите се поважни од “рапидно зголемениот морталитет“ (смртност), од епидемија, од пандемија…просто сум сигурен дека изборите мораа да се случат па макар во земјата да удреше Халеевата комета, макар и да имаше инвазија Анунаки од Нибиру?!

Сакате да се кладиме дека до 14ти јули бројот на “дневно новозаразени“ ќе опаѓа со геометриска прогресија за 100%, 400%, 800%… Се прашувате зошто? Затоа што “длабоката држава“ т.е нивните послушници и извршители ги живеат последните месеци, да не речам денови. Не во смисол дека луциферијанството ќе исчезне како такво, не дека веќе нема да постојат трилатерала, билдерберг или “ црно племство“! Туку во смисол што тие ги губат позициите на моќ во САД и ОН, се повеќе слабее ударната тупаница на сатанистите- NATO…и се пропратно што веќе го знаете.

Затоа, од витално значење е зачувување на бастионите на Сорос и длабоката држава (Косово, Украина, Северна) за физичко опстојување и “Територија за задгранично делување“ т.е Елдорадо за белосветските бандити. Посебно важно е ако тој нивни интерес се поклопи и со интересот на нивните слуги, т.е “нашите“ велепредавници и крвници. Кои, ако не се овие јулски избори, во октомври единствено нешто што ќе можеа, би било да бираат помеѓу егзодус или “ Идриз-бања“. Сигурно си велите па супер тоа му одговара и на Хидро и на дпсмне, зошто тогаш лежерно не одиграа “демонстрација на незадоволство“ и не го оставеа Црпле и одродите да се удават во сопствените фекалии.

Одговорот е многу едноставен и ни е пред носот : ЗАТОА ШТО ДВЕТЕ КРИЛА И ПРИПАЃААТ НА ИСТАТА ПТИЦА. Не, никако не сакам да кажам дека двата соработници на окупаторот се исти, има капитална разлика. Но да ве поштедам од “чаршав“ елаборати ќе ви кажам народски. СДССМ ме потсеќа на блудница-нимфоманка која самата ги соблекува гаќите пред секој насилник, бараба или богат фраер, за разлика од ДПСМНЕ која е така суптилно калаштурче (модерно кажано старлета), кое божем се срами, но сепак флертува со насилникот, но всушност знае дека насилникот ја поседува и кога ќе и залепи два шамара во садо-мазо стил, и таа ги соблекува гаќите…Како и да е, и во двата случаја од нивниот секс, ние Македонците остануваме трудни. А подоцна и плаќаме алиментација ( во миљарди) за нивните рамковни, пржински, преспански, тирански …“копилиња“.

Заклучок колку и да ве лажат дека овие избори се : последните слободни, избори за спас на република Македонија, легални и “ Продолжени“ …точно обратно , се ова е лага. Овие избори се : Нелегални, Нелегитимни, со пробиени рокови, со надворешно мешање, избори под маски, избори кои го загрозуваат здравјето и животот, но го загрозуваат и достоинството и здравата логика, ова се избори за бетонирање на северна и избори за спас на црпле и целата мафијашка олигархија. Згора на сето тоа се и избори на кои се забранува учество на легални регистрирани политички партии, што е прв пат во Македонија но и своевиден раритет во Европа. Ќе не изучуват за “лош добар“ пример како не треба. Инаку оперативно на терен црпле и сдссм, стојат супер. Ваучери, хуманитарна помош, еднократна помош, летување….со наши пари ќе се купат некаде помеѓу 60-90.000 гласови. ОДХР и ОБСЕ ќе имаат набљудувачи само во Скопје (урбано градско подрачје), ќе се гласа под маски, без меѓународни набљудувачи и без реална опозиција. Хидро е изгубен во црнилата, опозиционите партии кои ќе одат на избори се надеваат да откршат дел од колачот на дпсмне…значи во кратки црти-МАСАКАР.

Најмалку што можеа е да ги одложат изборите до Октомври и со нови коалиции, сплотени, ако ништо друго да го соборевме Црпле… Вака работата е “ Жена ќе биде-2“ Да не биде после, не сме кажале? Наравопоучение : Игнорирајте го нелегалниот, нелегитимниот, дискриминирачки и понижувачки циркус на длабоката држава наречен “ Продолжени избори 2020“, не ризикувајте, сочувајте си го достоинството и здравјето, бидете здраворазумни. Нас Македонците ни е сеедно КОЈ ЌЕ НЕ ПРОДАДЕ, кој не лаже и кој не краде. Конечно ни треба организација, партија, систем кој ќе не заштити нас и Македонија. Таква партија сега има. Бидете и вие член на Родина Македонија и директно учествувајте во ВРАЌАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА!

Томче Ширков

Loading...

Related posts

Leave a Comment