Колумни

ТОМЧЕ ШИРКОВ : РОДИНА МАКЕДОНИЈА-ПОСЛЕДНИОТ БАСТИОН НА МАКЕДОНИЗМОТ И СУВЕРЕНИЗМОТ

РОДИНА МАКЕДОНИЈА-ПОСЛЕДНИОТ БАСТИОН НА МАКЕДОНИЗМОТ И СУВЕРЕНИЗМОТ

Работата одамна е зовриена, а со нелегалните и нелегитимни избори ја достигна кулминацијата. Сите родољуби и вистинољуби се соочени со избори без избор.

Во таква ситуација силно проработија : егото, суетата и малограѓанската зајадливост…па се тргна во фронтален напад на Родина Македонија – единствената политичка партија и организирана сила во Македонија која се бори за:

Враќање на името и постулатите на асномска Македонија, поништување на штетните договори, владеење на правото и заштита на Македонскиот народ…Но одредени поединци и групации од само ним познати причини тенденциозно и малициозно ја прозиваа и таргетираа Родина Македонија за : Немање став, менување на курсот, политичка ќорост. Сето тоа беше формулирано во тезата : “ Прво бараа да учествуваат на избори, а од кога не им дозволија ќе “Бојкотираат! “ Дали е тоа така ?

Да ја разглобиме ситуацијава редоследно и вистината пред се !

1)Родина Македонија од секогаш, уште не регистрирана, како организација се заложуваше и сеуште се заложува за ОБЕДИНУВАЊЕ на сите суверенистички и родољубни партии. А истотака е на став дека било која партија од таканаречениот трет блок, сама по себе не може ништо да направи. Инаку, Родина Македонија имаше понуда од најмалку три партии да коалицира со нив или да биде на нивните кандидатски листи. ( велам три, зошто со толку јас лично посредував и разговарав, а биле повеќе). Бидејќи не дојде до обединување и бидејќи се испостави дека се оди на нелегални и нелегитимни избори кој ќе бидат “ Лов во матно“ и “ Кланица“ за малите партии, а се со цел спасување на корумпираните елити и продолжување на проектот северна, Родина Македонија го откажа своето учество.

2)Родина Македонија не бараше да учествува на овие ( 15ти Јули) криминални, нелегални и нелегитимни избори без избор, туку бараше ОДГОВОР од корумпираниот и нелегитимен пржински систем и од уште по нелегалната хунта…Одговор кој знаеше дека нема да го добие, зошто криминалите и кршењето на уставот станаа секојдневна пракса за хунтата, а Родина има за цел од сето тоа да подготви обвинителни процеси и процедури по кои еден ден ќе им се суди на квинслинзите и одродите.

3) Родина Македонија имаше за цел да повика вистински независни набљудувачи од БРИКС, ЗНД, и реалната меѓународна заедница, а бараше изричито да НЕ се оди на избори со само седум евРопски набљудувачи ( само во Скопје) кои имаат за цел да го верификуваат и одобрат фалсификатот, полнењата и сите изборни нерегуларности.

4)Бидејќи многумина од нас биле набљудувачи на претходни избори, сугериравме контрола и заштита на изборниот процес. На избори на кои Родина Македонија би учествувала, таа планираше да обезбеди најмалку 1000 набљудувачи, а со другите суверенистички партии минимум 3000, кои би биле гарант за изборните резултати…како сега стојат работите нема да има ни 20 независни набљудувачи, резултатот претставете си го сами?!
5)Кога членови на Родина Македонија протестираа против лажната пандемија, против селективните мерки на карантин ( за православни Христијани) ги нарекуваа , забегани, теоретичари на заговори, несвесни дека КОРОНАТА КОСИ…да косеше со 10 заболени дневно и еден починат, А сега со 200 заболени и 20+ починати не косли ли ??? Значи, хипокризијата и системот на двојни аршини нема крај.
6)Свесни дека овие избори без избор ќе бидат харанга, намештаљка од невидени размери и врв на лицемерие но воедно и кланица за малите и нови партии, Родина Македонија повторно им подаде рака на спас на сите суверенистички партии, заедно да ги одложиме и поништиме нелегалните, нелегитимните и дискриминирачките избори без избор, им понудивме на малите и нови партии да излезат од изборната кланица и да се вратат на оваа страна од барикадата, на страната на Македонскиот народ. Понудата беше одбиена со молчење и игнорирање. Очигледно некое заменичко место или еден пратеник евентуално се поважни од принципите и Македонија.
7) Родина Македонија целиот проблем на Македонија и Македонците го лоцира во игрите на империјалистите и нивните внуци претставувани од Трилатерала, Билдерберг или скратено “Длабока Држава“ кои траат веќе 200год, се издигнавме над ситуацијата и многу јасно ја видовме големата слика. А таа никако не е Евро-Атланска, подржувајќи ја трулата и дегенерирана ЕУ и сатанистичкото НАТО никако нема да ги решиме проблемите на Македонија, посебно не поделени и раскарани по сите основи.

НЕ НАИДОВМЕ НА РАЗБИРАЊЕ И ПОДРШКА КАЈ ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ, но свесни сме дека ќе ја најдеме кај вистинољубивите и родољубивите Македонци по род, државјанство и самоопределување.

PS. Јас припаѓам на групата родољубни Македонци кои во последно време се нарекувани “ Политички ќори“ Колку што знам, ќор е човек со едно око…а сигурно ја знаете поговорката “ ВО ЗЕМЈАТА НА СЛЕПИТЕ ЕДНООКИОТ Е ЦАР“.

Томче Ширков

Loading...

Related posts

Leave a Comment