Поранешниот британски премиер Тони Блер предупреди дека ерата на политичка и економска доминација на Западот завршува поради украинската криза и подемот на Кина како „втора суперсила“ во светот.
Во говорот на годишното предавање во Дичли , Блер , меѓу другото, рече дека западните сили мора да ги зголемат трошоците за одбрана за да ја задржат својата воена надмоќ.
Како резултат на постапките на Путин , не можеме да се потпреме на кинеското раководство да се однесува на начин што го сметаме за рационален – рече тој.
– Не ме сфаќајте погрешно. Не велам дека Кина во блиска иднина ќе се обиде насила да го земе Тајван. Но, нашата политика не можеме да ја засноваме на сигурност дека нема – рече тој.
Тој посочи дека најголемата геополитичка промена на овој век ќе дојде од Кина, а не од Русија.
Се приближуваме кон крајот на политичката и економската доминација на Западот – рече тој.