ФБ Статуси

Тони Михајловски до Хан : Направи да исчезне цела една земја и еден народ во неа

 

Се слагам со Комесарот. Секако дека договорот заслужува место во учебниците по историја. Но, како велепредавство, лага и измама, и краен акт на сеопшто поништување на еден народ и отворање пат за повторна поделба на Македонија.  Ова го напиша актерот Тони Михајловски на Фејсбук по изјавата на Хан за Вијести дека Северна Македонија направи многу и дека Договорот од Преспа заслужува да биде во учебниците.

– „Се слагам и со тоа дека беше поинаку пред 5 години, пред да го назаначат Комесарот. Имавме држава. Сега имаме едно големо НИШТО. Комесарот успеа од НЕШТО да направи НИШТО. Тоа пак треба да влезе во книгите за Илузионисти. Тој е Дејвид Коперфилд во политиката. Направи да исчезне цела една земја и еден народ во неа. Не се слагам, и мислам дека не е во ред да не лаже Комесарот, дека не чека влез во ЕУ. Не може НИШТО да влезе било каде или да направи било што”, се огласи Михајловски на Фејсбук.

 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!