Здравје

ТОНИ ЦЕТИНСКИ : СИТЕ МОИ ПРОФИЛИ СЕ ХАКИРАНИ ПОРАДИ МОЈОТ СТАВ ЗА ВАКЦИНИТЕ

Cetinski: 'Nitko ne garantira da cjepivo ne izaziva nuspojave ...

Откако Тони јавно кажа дека е против задолжителна вакцинација, радио станица забрани емитување на неговите песни, иако тој е еден од најпопуларните пејачи во Хрватска и регионот

Тони на едно од своите обраќања изјави дека верува дека секој има право на свое мислење и искажување на своите ставови во едно демократско општество, како што е претставено денешното.

Сепак, според неговите тврдења, сега сите негови профили се хакирани, а на јавноста и се обрати од приватен профил.

– Сите мои профили се хакирани, па отсега се зависи од вас. Единствено ако ги споделувате моите објави, можеби ќе можеме да допреме до поголем број на луѓе. Мене ми го намалија достигот на објавите. Лукави и перфидни, но Бог нека им суди. Амин – напиша пејачот и ја промовираше групата „ Имам право да знам и да изберам “.

Повеќе воопшто не се плашам од короната, се плашам од моментот кога ќе започне репресијата и кога ќе започнат со присилно вакцинирање на оние што не сакаат да бидат вакцинирани. Тоа многу силно ме интересира и ме плаши. Кој ќе ме натера да се вакцинирам ако не сакам? Кој сака слободно, немам ништо против. Можете да ме замолчите на некое време, но не можете да ме вакцинирате. Отворете го Голи оток за оние од нас кои не сакаат да се вакцинираат, потоа приведете нè со лисици, затворете нè, заклучете нè, или успијте не, па со сила вакцинирајте нè – изјави Цетински.

Во ова, пејачот беше поддржан од фудбалерот Дејан Ловрен, а тој и Тони во лајв обраќање застанаа на страната на Новак Џоковиќ и неговите ставови.

Loading...

Related posts

Leave a Comment