Свет

Топлотниот бран однесе 400 животи во Холандија

 

Во Холандија, починаа 400 луѓе  повеќе од вообичаеното за време на неодамнешниот топлотен бран во текот на летните месеци.

Во текот на неделата од 22 јули починале вкупно 2.964 луѓе, според холандската национална агенција за статистика ЦБС, пренесува Индипендент .

Тоа е околу 15 проценти повеќе смртни случаи од просекот во текот на таа летна недела.

Статистичките податоци покажуваат дека имало околу 300 повеќе смртни случаи кај населението над 80 години.

Температурните рекорди погодија поголем дел од Европа на крајот на јули, со екстремни температурни записи во Велика Британија, Париз, Белгија, Германија, Луксембург и Холандија.

Рекорд од 39,2 степени Целзиусови е регистриран во холандската воздухопловна база Гилце-Риен.

Базата на 25 јули забележа температура од 40,7 степени, што е највисока измерена температура во Холандија, соопшти холандската метеоролошка служба на КНМИ.

Најголем број смртни случаи имало на истокот на Холандија, каде што температурниот бран се задржа подолго отколку во другите делови на земјата.

Related posts

Leave a Comment