Свет

Трамп : Борис е во неверојатна форма, подготвен за акција

Boris Johnson and Donald Trump hope for ′ambitious trade agreement ...

Британскиот премиер Борис Џонсон е во „неверојатна“ форма откако се опорави од коронавирусот, изјави американскиот претседател Доналд Трамп

“Тој звучеше неверојатно, како стариот Борис. Тој е подготвен за акција. Одлично е”, рече Трамп по неодамнешниот разговор помеѓу двајцата лидери.

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок изјави дека премиерот закрепнува и е ментално добро, додека „Дејли Мејл“ известува дека тој планира да се врати на работа во понеделник.

„Таа одлука треба да се донесе во консултација на Премиерот со лекарите. Јас разговарав со него вчера, тој е во добра форма и јасно е дека се опоравува“, рече Хенкок.

Related posts

Leave a Comment