Свет

Трамп вели дека авионите на САД биле “спремни и натоварени” за удари врз Иран, но беа сопрени 10 минути пред лансирањето

Американскиот претседател, исто така, предупреди дека САД никогаш нема да дозволат Иран да има нуклеарно оружје

 

 

САД беа подготвени да извршат хируршки прецизни напади врз три цели во Иран, но во последен момент операцијата беше запрена, напиша на Твитер американскиот претседател Доналд Трамп .

“Бевме спремни и натоварени да се одмаздиме минатата ноќ на 3 различни места кога прашав, колку луѓе умрат. 150 луѓе, господине, беше одговорот од генералот. 10 минути пред нападот, го запрев.

Трамп рече дека во четвртокот вечерта САД наложија нови унилатерални санкции против Иран. Тој не кажа што значат новите ограничувачки мерки.

“Јас не се брзам, нашата армија е повторно изградена, нова и подготвена да оди, далеку како најдобра на светот. Санкциите гризат и уште повеќе се додаваат од минатата ноќ”, истакна тој.

Трамп, исто така, предупреди дека САД никогаш нема да дозволат Иран да има нуклеарно оружје.

“Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје,не против САД, не против светот!” истакна американскиот лидер.

 

Related posts

Leave a Comment