Свет

Трамп ги замолча гувернерите : Јас одлучувам за повторното започнување на економијата

ВАШИНГТОН – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека тој, а не гувернерите на државите, ќе одлучат кога повторно ќе започне економијата на земјата.

„Тоа е одлука на претседателот“, истакна Трамп на Твитер.

 

Тој додаде дека, заедно  со членовите на неговата администрација, тесно соработува со гувернерите по ова прашање и рече дека таквата соработка ќе продолжи, пренесува Ројтерс.

„Мојата одлука, во соработка со гувернерите и со придонес на другите, ќе биде донесена наскоро“, рече Трамп.

Loading...

Related posts

Leave a Comment