Свет

Трамп го поддржа QAnon, движење кое верува дека тој се бори против тајна мрежа на педофили-канибали

Американскиот претседател Доналд Трамп, по втор пат во една недела, одговори на прашање за „Канон“, движење кое сесрдно го поддржува. 

Но, додека минатата недела тој избегна да одговори на прашањето за Канон, задржувајќи се на честитките до кандидатката на Конгресот, Марџори Тејлор Грин, која исто така го промовира Канон, тој во средата одговори на прашањето – и го прифати движењето кое шири една од најшокантните теории на заговор во последните времиња.

„Не знам многу за движењето, освен тоа дека сум им многу драг, што многу го ценам. Но, не знам многу за движењето. Слушнав дека се здобива со голема популарност“, рече Трамп кога новинарка го запраша за Канон на конференцијата за новинари во Белата куќа.

„Од ова што го слушам, ова се луѓе што гледаат на улиците на Портланд, гледаат што се случува во Њујорк последните шест до седум месеци, но тоа започна уште пред четири години, кога добив … Тоа се луѓе на кои “не им се допаѓа она што го гледаат на места како Портланд и Чикаго, Њујорк и други градови и држави. Слушнав дека тоа се луѓе кои ја сакаат нашата земја и кои едноставно не сакаат тоа да го гледаат”, продолжи Трамп, алудирајќи на протести, немири и судири на радикални левичарски демонстранти од движењето Црниот живот е важен и Антифа во овие градови.

Интересно е што Трамп тврди дека не знае дека Канон верува дека Трамп и неговата администрација ги спасуваат Америка и светот од сатанскиот, педофилскиот и канибалистичкиот култ составен од водечки демократски политичари, холивудски sвезди и други либерали, „глобалисти“ и членови на „длабоката држава“. но во исто време тој знае дека Канон го сака.

“Суштината на теоријата е ова уверување дека вие тајно го спасувате светот од тој сатански култ на педофили и канибали. Звучи ли тоа на нешто што вие го поддржувате?” праша новинарката.

„Ако можам да помогнам да го спасам светот од неволја, јас сум подготвен да се изложам“.

„Па, не сум го слушнал тоа, но дали тоа треба да биде добра или лоша работа? Ако можам да помогнам да го спасам светот од неволја, јас сум подготвен да се изложам. И ние, всушност, го спасуваме светот од радикалната лева филозофија што ќе ја уништи оваа земја. “, се вели во неверојатниот одговор што  го даде Трамп.

Од ова би можело да се заклучи дека Трамп не гледа ништо лошо во тоа што неговите поддржувачи веруваат дека тој тајно води војна со тајната кабала на сатанистички педофили. Но, некои од овие теоретичари на заговор, како што прозваните демократи милуваат да ги нарекуваат, наводно веќе прибегнале кон насилство, а ФБИ кој е контролиран од истите демократи го прогласи Канон за екстремистичка закана.

Имено, ФБИ (алатка во рацете на демократите и длабоката држава)  во својот билтен од месец Мај, го опиша Канон како „домашни екстремисти водени од теории на заговор“, предупредувајќи дека теоријата, како и со нејзе поврзаниот Пицагејт, „повремено ги наведува групите и индивидуалните екстремисти да вршат кривични или насилни дела“.

Портпаролот на изборната кампањата на Џо Бајден, демократски противкандидат на Трамп, бргу реагираше на изјавата на Трамп: „Откако ги нарече неонацистите и белите супремацисти во Шарлотсвил„ добри луѓе “и дозволи со солзавец да се растераат мирните демонстранти по убиството на Џорџ Флојд, Доналд Трамп всушност се обиде да го легитимира заговорот што ФБИ го идентификува како закана од домашен тероризам. На нашата земја и треба повеќе од кога и да било, раководство кое ќе нè обедини за да создадеме совршена унија “.

Очигледно е дека демократите и длабоката држава се во паника по се поочигледната поддршка која Трамп ја има од граѓаните на САД и таканареченото Тивко мнозинство пред престојните председателски избори во оваа земја.

Loading...

Related posts

Leave a Comment