Свет

Трамп до Бајден воочи самитот: Немој да заспиеш на состанокот и поздрави го Путин!

Donald Trump has started the transition process. What's left for him to do  before Joe Biden's inauguration? - ABC News

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го провоцираше својот наследник Џо Бајден пред престојниот самит со неговиот руски колега Владимир Путин.

“Среќно на Бајден во преговорите со претседателот Путин. Не заспивајте за време на состанокот и ве молам да му ги пренесете моите најдобри желби”, рече Трамп.

Да потсетиме, за време на предизборната кампања, Трамп повеќепати го нарекуваше својот противкандидат „ Заспаниот Џо “ затоа што Бајден често се појавуваше во јавноста деконцентриран, со многу лапсуси и гафови, што ги поттикна гласините дека страда од деменција.

Бидејќи Бајден треба да се состане со Путин, за прв пат откако стана претседател, Трамп потсети на самитот во Хелсинки во 2018 година. Иако се сретна со рускиот лидер среде приказни за руската вмешаност во американските избори и обвинувањата дека тој е „руски човек“, Трамп посочи дека самитот бил „одличен и многу продуктивен“.

„Во тоа време, САД добија многу, вклучително и почит од претседателот Путин и Русија и покрај извештаите во лажните медиуми“, рече Трамп.

Средбата меѓу Путин и Бајден ќе се одржи на 16 јуни во Женева. Кремљ соопшти дека претседателите имаат намера да разговараат за руско-американските односи, стратешката стабилност, како и борбата против ковид-19 и решавањето на регионалните конфликти.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!