Свет

Трамп започна да објавува докази за измама : „Зарем до ова дојде нашата земја?“ (ВИДЕО)

EPA-EFE / JIM LO SCALZO / БАЗА EPA-EFE / JIM LO SCALZO / БАЗА

Вашингтон – Сè уште актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, објави видео од работници кои пакуваат гласачки ливчиња, кои пристигнаа по пошта.

Тој на Твитер напиша  “Барате ливчиња? Зарем до овде дојде нашата држава?”.

На видеото се гледа како мажи кои не се во униформа, изнесуваат писма со гласачки ливчиња од поштенските сандачиња и ги пакуваат во црни вреќи.

Да потсетиме, според досега пребројаните гласови на претседателските избори, Трамп загуби од демократскиот кандидат Џо Бајден.

Трамп не ги прифаќа изборните резултати и веќе поднесе жалби во неколку сојузни држави, па судот ќе донесе одлука за гласањето.

Претходно денес беше објавено дека сите гласачки ливчиња во американската држава Џорџија повторно ќе бидат преброени.

Останува да се избројат гласовите во Аризона и Северна Каролина, каде беа преброени 98 проценти од гласовите.

Засега, во Аризона, која носи 11 изборни гласови, Џо Бајден води со 49,4, наспроти Доналд Трамп, кој во моментов има 49 проценти од гласовите.

Во Северна Каролина, Трамп води со 50 проценти од гласовите, Бајден има 48,7, а победата во таа земја носи 15 изборни гласови.

Loading...

Related posts

Leave a Comment