Свет

ТРАМП : „Кина е подготвена да направи се за да ги загубaм изборите“

Американскиот претседател Трамп се состана со директорите на индустријата за одговор на коронавирусот во Белата куќа во Вашингтон

Во понеделникот Трамп изјави дека Кина можела да го запре коронавирусот пред да се рашири во светот и рече дека неговата администрација спроведува сериозни истраги за да открие што точно се случило

Американскиот претседател Доналд Трамп е убеден дека справувањето на Кина со епидемијата на коронавирусот е доказ дека Пекинг е подготвен да стори сé што може за тој да ги загуби претседателските избори во ноември.

„Кина ќе стори сé што може за да ги загубам изборите“, изјави Трамп во овалната канцеларија во средата во интервју за Ројтерс. Тој рече дека верува оти Пекинг сака демократскиот кандидат Џо Бајден да победи на изборите како би се намалил притисокот на САД врз Кина поради трговските договори.

Двегодишната трговска војна меѓу САД и Кина во јануари годинава беше привремено прекината откако беше потпишана првата фаза од трговскиот договор, со кој Кина се обврза дека ќе купи американска стока во вредност од 200 милијарди американски долари во следните две години.Трамп рече дека разгледува различни опции кога станува збор за одговорноста на Кина за пандемијата на коронавирусот. „Има многу работи кои можам да ги направам“, рече американскиот претседател, но не сакаше да ги открие деталите.Во понеделникот Трамп изјави дека Кина можела да го запре коронавирусот пред да се рашири во светот и рече дека неговата администрација спроведува сериозни истраги за да открие што точно се случило. Соединетите држави се на првото место по бројот на заразени (1.056.811) и со (61.190) починати од вирусот.

Што се однесува до претседателските избори во ноември, Трамп рече дека не верува оти тие ќе се претворат во референдум за тоа како неговата администрација се справила со кризата со коронавирусот. Тој исто така изјави дека не им верува на анкетите кои покажуваат дека во водство е неговиот најверојатен противник Џо Бајден.

Неодамнешната анкета на „Ипсос“ покажа дека 44 проценти од Американците би гласале за Бајден, а 40 проценти би гласале за Трамп.

„Не им верувам на анкетите. Верувам дека луѓето во нашата земја се паметни и дека нема да изберат човек кој е некомпетентен. Тој е неспособен веќе 30 години, од кога беше сенатор до времето кога беше заменик претседател во мандатот на Барак Обама. Се што направи беше лоша, а неговата надворешна политика беше катастрофа “, рече Трамп.

Трамп рече оти смета дека оние што на предизборите кај демократите гласале за Берни Сандерс, ќе гласаар за него на претседателските избори. Сандерс се повлече од кампањата за претседателската номинација кај демократите и го поддржа Џо Бајден.

Loading...

Related posts

Leave a Comment