Свет

ТРАМП КОНТРА ПОМПЕО: КИНЕЗИТЕ А НЕ РУСИТЕ ГО ИЗВРШИЈА ХАКЕРСКИОТ НАПАД ВРЗ САД

Pompeo says he'll follow Constitution when pressed on Trump's suggestion to  delay election | Watch News Videos Online

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп во саботата изјави дека медиумите претерале со обемот на инцидентот

Американците веќе долго време не знаат што сакаат – дали Русите се виновни за сè, или Кинезите, или Иранците, или Севернокорејците … Секој е виновен за сè, само тие не се виновни за ништо. Така, тие ги обвинија руските хакери за најновите сајбер напади во САД, па сега не ги осудуваат – Русите час се виновни, час не се виновни … Во прилог на овие небулози стигнува и соопштението дека вработените во белата куќа планирале да дадат изјава за вмешаноста на Русија во голем хакерски напад врз компјутерските системи на владата на САД, но во последен момент им било наложено да не ја објавуваат изјавата, објави Асошиејтед Прес (АП).

Според извори на агенцијата, претставниците на Белата куќа биле подготвени да издадат изјава во петокот попладне обвинувајќи ја Русија дека игра голема улога во сајбер нападот. На споменатите вработени им беше наложено во последен момент да го откажат објавувањето на документот. Белата куќа не објасни зошто е донесена ваква одлука.

Агенцијата цитира едно од официјалните лица.

„Се чини дека ова е најлошиот случај на хакерски напад во американската историја“, вели изворот.

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп во саботата изјави дека медиумите претерале со обемот на инцидентот. Тој не се согласи со тврдењата на голем број весници дека група хакери кои работат за Москва може да стојат зад сајбер нападот и наместо тоа призна дека Пекинг може да биде вмешан во нападите.

– Русија, Русија, Русија е омилена песна кога нешто ќе се случи, бидејќи либералните медиуми, претежно од финансиски причини, смртно се плашат да ја разгледаат можноста дека тоа може да биде Кина, а би можела да биде таа! – смета Трамп.

Инаку за потсетување истиот ден, Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, изјави дека е јасно дека Русија стои зад хакерските напади врз САД, кои еден американски официјален претставник ги опиша како „најлошите во историјата на САД“.

Loading...

Related posts

Leave a Comment