Свет

Трамп : Коронавирусот ќе „исчезне без вакцина“(ВИДЕО)

 

Претседателот Трамп во петокот им се спротивствави на здравствените експерти, кажувајќи им на новинарите дека коронавирусот „ќе исчезне без вакцина“.

„Ќе исчезне без вакцина, ќе го снема, и нема да го видиме повторно, се надевам, по одреден период“, рече Трамп во Белата куќа. „Можеби имате спремено напади, го очекував тоа“.

Пред само неколку дена администрацијата на Трамп ја започна операцијата „Warp Speed“, проект за забрзување на производството на вакцина против коронавирусот, кој заклучно со петокот зарази најмалку 1,2 милиони Американци и усмрти повеќе од 76.000.

Д-р Ентони Фаучи, наводно водечки експерт за заразни болести на работната група за коронавирус, кој деновиве во медиумите и во јавноста ширум светот се поврзува со тајниот проект за злоупотреба на вируси во лабораторијата во Вухан, постојано предупредуваше дека вакцината е сè уште далеку, најмалку една година до 18 месеци од ставањето на располагање на јавноста.

Инаку, министерот за здравство во нашата земја, Филипче, е следбеник на Ентони Фаучи во однос  на акциите против пандемијата на коронавирусот. Исто како и Фаучи и Филиче се залага за задолжителна вакцинација на населението без која како тој вели, не би можел животот да се врати во нормала, што е крајно симптоматично и се коси со здравата логика.

Во интервјуто минатата недела за „Фокс њуз“, Фаучи рече дека појавата на коронавирус „нема да заврши до моментот додека не добиеме научно здрава, безбедна и ефикасна вакцина“.

На прашањето што го натерало да верува дека вирусот ќе исчезне без вакцина, Трамп тврди дека ги добил тие информации од медицински професионалци.

„Само се потпирам на она што го велат лекарите. Тие велат дека ќе исчезне. Тоа не значи дека тоа ќе се случи годинава. Не значи, искрено, дека ќе го снема пред есента или потоа, но на крајот ќе исчезне. Прашањето е дали ќе ни треба вакцина. Во одреден момент, вирусот веројатно ќе исчезне сам по себе “.

На прашањето колку често се среќавал со Фаучи и доктор Дебора Биркс, која исто така служи во работната група за коронавирус, Трамп одговори: „Многу. Многу.”

Биркс минатата недела рече дека е можно, засилениот фокус на владата за развој на вакцина да помогне во нејзино производство уште во јануари.

Анкетата за „ Yahoo News “ објавена во петокот покажа дека само 55 проценти од Американците планирале да се вакцинираат против КОВИД-19 кога ќе стане достапна. Деветнаесет проценти од анкетираните рекле дека нема да примат вакцина против вирусот, додека 26 проценти рекле дека не се сигурни.

Во вторникот, Трамп беше запрашан дали тој лично ќе прими вакцина против коронавирусот доколку се развие.

„Ако тие би сакале мене да ме вакцинираат, јас би одел прв или би одел последен. Не сакам да ја трошам “, одговори тој.

Потсетен на тој негов одговор, во кој додаде дека „апсолутно“ ќе добие вакцина во зависност од советите на неговиот лекар, Трамп во петокот се чинеше повеќе колеблив.

„Не реков дека сакав, тоа не е мојата изјава“, рече тој. „Вие рековте, „ Дали би “, и јас реков ако е добро за земјата, јас би, а ако е лошо за земјата, ќе чекам да бидам последен или не би го сторил тоа воопшто.”

Related posts

Leave a Comment