Претседателот на САД, Доналд Трамп се закани дека оние што уништуваат споменици или друг имот во сопственост на властите на САД ќе бидат уапсени и ќе се соочат со затворски казни.
Трамп тоа го напиша на својот профил на Твитер неколку часа откако демонстрантите се обиделе да ја срушат статуата на поранешниот претседател Ендру Џексон недалеку од Белата куќа, објави Ројтерс .
#police marching on #dcprotesters at #lafayettepark #dcprotests pic.twitter.com/313BsoTqAM
— holly (@hollySeaDC) June 23, 2020
„Дадов овластување на сојузната влада да уапси секој што оштетува или уништува споменик или статуа или друг федерален имот во Соединетите држави и да добие до 10 години затвор“, истакна Трамп.
Според Трамп, таа одлука ќе започне да се применува веднаш, а може да се користи и ретроактивно за веќе сторениот вандализам.
I have authorized the Federal Government to arrest anyone who vandalizes or destroys any monument, statue or other such Federal property in the U.S. with up to 10 years in prison, per the Veteran’s Memorial Preservation Act, or such other laws that may be pertinent…..
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) June 23, 2020
„Нема да има исклучоци“, заклучи американскиот претседател.
Демонстрантите ширум Соединетите држави поради убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис бараат отстранување на сите споменици кои симболизираат личности или настани поврзани со расизмот и ропството.