Свет

ТРАМП : НАРЕДУВАМ ДА СЕ УАПСАТ СИТЕ ОНИЕ КОИ УНИШТУВААТ СПОМЕНИЦИ

President Donald Trump Tweetstorm – The Saturday Edition – Deadline

Претседателот на САД, Доналд Трамп се закани дека оние што уништуваат споменици или друг имот во сопственост на властите на САД ќе бидат уапсени и ќе се соочат со затворски казни.

Трамп тоа го напиша на својот профил на Твитер неколку часа откако демонстрантите се обиделе да ја срушат статуата на поранешниот претседател Ендру Џексон недалеку од Белата куќа, објави Ројтерс .

„Дадов овластување на сојузната влада да уапси секој што оштетува или уништува споменик или статуа или друг федерален имот во Соединетите држави и да добие до 10 години затвор“, истакна Трамп.

Според Трамп, таа одлука ќе започне да се применува веднаш, а може да се користи и ретроактивно за веќе сторениот вандализам.

„Нема да има исклучоци“, заклучи американскиот претседател.

Демонстрантите ширум Соединетите држави поради убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис бараат отстранување на сите споменици кои симболизираат личности или настани поврзани со расизмот и ропството.

Related posts

Leave a Comment