Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави дека ќе се одржи прес-конференција, за која напиша дека е многу важна.
„многу важна прес-конференција ќе се одржи денес напладне од страна на адвокатите на многу јасен пат до победата. „Сè паѓа на свое место“, објави Трамп.
Important News Conference today by lawyers on a very clear and viable path to victory. Pieces are very nicely falling into place. RNC at 12:00 P.M.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 19, 2020
Пред тоа, Трамп на Твитер напиша дека „изборните измами во Детроит траат со години“.
Voter Fraud in Detroit is rampant, and has been for many years!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 19, 2020
Тој претходно тврдеше дека службениците на изборниот процес во Детроит во сојузната држава Мичиген биле заплашувани за да ги одобрат резултатите, за кои сметаат дека се лажни.
Трамп беше кандидат на Републиканците на претседателските избори што се одржаа на 3 ноември. Според изборните проекции на некои продемократски медиуми, за победник беше прогласен неговиот противкандидат од редовите на демократите, Џо Бајден , но официјалните резултати од изборите сè уште не се објавени.