Свет

Трамп најави пет милиони тестови за корона дневно

House Foreign Affairs Committee launches inquiry into Trump's ...

ВАШИНГТОН – Во САД се направени околу 5,7 милиони тестови за вирусот корона за два месеци, а претседателот Доналд Трамп најавува дека наскоро ќе бидат правени пет милиони тестови дневно.

 

Две причини зошто САД имаат толку голем број потврдени случаи на вирусот корона е големото население од околу 330 милиони луѓе и големиот број тестови кои е прават, пренесува BBC.

Околу 5,7 милиони тестови се извршени во САД во изминатите два месеци. Овие бројки изгледаат високи, но според научната публикација на Интернет за податоците во целиот свет, САД извршиле 16,3 тестови на 1.000 луѓе, што е помалку од Италија, каде биле направени 30,6 тестови на 1.000 луѓе.

Трамп најави дека САД наскоро би можеле да изведат дури пет милиони тестови на ден и дека тоа ќе се случи „многу наскоро“.

Сепак, неговите проценки се оптимистички, забележува Би-Би-Си, додавајќи дека во моментов во САД  дневно се прават 200.000 тестови.

Критериумите за тестирање во САД варираат од држава во држава. Ограничениот број тестови значи дека приоритет им се дава на хоспитализираните пациенти, здравствените работници и лицата сместени во домовите за социјална заштита или затворите.

РЕкордна дневна смртност од коронавирусот во Илиноис

Официјални лица од американската сојузна држава Илиноис соопштија во вторникот дека 142 лица починале од коронавирус во последните 24 часа, што е рекордна дневна смртност во Илиноис од почетокот на избувнувањето, пренесе Ројтерс.

Вчера во оваа држава во северо-источниот дел на САД се регистрирани 2.221 нови случаи на инфекција, што е втор најголем број новозаразени во еден ден.

Според Секретаријатот за здравство на Илиноис, досега се потврдени 48.102 лица, а 2 215 починале.

Калифорнија се подготвува за олеснување на ограничувањата против короната

„Некои работни места, училишта и установи за грижа за деца во Калифорнија постепено ќе започнат со работа повторно, кога државата ќе го подобри тестирањето на вирусот и следењето на контактите“, рече државниот секретар за здравство Соња Ејнџел.

„Во втората фаза од борбата против вирусот корона, Калифорнија би можела да дозволи некои производствени и канцелариски работи што не може да се направат од дома“, рече Ејнџел на прес-конференцијата во вторникот.

Таа додаде дека претпријатијата ќе мораат да им овозможат на работниците да останат дома кога се болни.

„Втората фаза ќе започне за неколку недели, а не месеци“, рече гувернерот на Калифорнија Гавин Нјусам, објави синоќа Ројтерс.

„Изменетиот летен училишен програм, раниот почеток на учебната година јули и август и повторното отворање на установите за грижа за деца ќе им помогне на работниците да се вратат на работа“, рече Нјусам.

Државата ќе биде подготвена за прво ублажување на ограничувањата откако ќе се исполнат условите како што се следење на контакти низ целата земја, задоволителен број тестирани, набавка на доволни количини на заштитна опрема и стабилизација на болниците за сместување на заболените.

„За повторно започнување на работи и активности од висок ризик, како што се концерти и големи собири, ќе требаат месеци“, додаде Нјусам.

Loading...

Related posts

Leave a Comment