Свет

ТРАМП : ОД ВИРУСОТ ВО САД МОЖЕ ДА УМРАТ 70000 ЛУЃЕ

ЕПА-ЕФЕ / САЛАБИГЕР / САРХА САРАХ

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека предвидува дека 70 000 луѓе во САД може да умрат како последица од коронавирусот.

“Ако погледнете, првите проекции покажуваа дека 2,2 милиони луѓе би можеле да умрат, а сега проценуваме дека ќе бидат 60.000 или 70.000. Многу се. И едно лице е премногу, но мислам дека донесовме многу навистина добри одлуки”. рече Трамп.

Тој рече дека затворањето на границите и забраната за доаѓање луѓе од Кина е „голема одлука“, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали тој заслужува да биде реизбран во ноември, откако за шест месеци умреа скоро толку луѓе како во војната во Виетнам.

Околу 58.000 се убиени во војната во Виетнам, а околу 55.000 починаа во САД досега како резултат на коронавирусот.

“Мислам дека направивме одлична работа. Повторно ќе кажам и една личност е премногу”, додаде Трамп на прес-конференцијата во Белата куќа.

Loading...

Related posts

Leave a Comment