Свет

Трамп очекува да се сретне со Путин во Осака, вели Болтон

Советникот за национална безбедност на САД, исто така, изрази надеж за успешни трипартитни разговори во Ерусалим

 

 

 

ТЕЛ АВИВ, 23 јуни. Американскиот претседател Доналд Трамп со нетрпение очекува да се сретне со рускиот лидер Владимир Путин на самитот на Г20 во Осака – Јапонија , изјави американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, на заедничката прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим во неделата. 

“Претседателот Трамп очекува состанок со претседателот Путин на претстојниот самит на Г20 во Осака, Јапонија”, рече Болтон.

Советникот за национална безбедност на Трамп пристигна во Ерусалим во саботата за да учествува на трилатералниот состанок со секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев, и израелскиот советник за национална безбедност, Меир Бен-Шабат.

“Јас сум тука за да присуствувам на претходно закажан трилатерален состанок на советниците за национална безбедност на Израел, Русија и на САД, чиј домаќин е премиерот Нетанјаху. Актуелните околности во регионот ги прават нашите разговори уште поважни”, рече Болтон. “Се надевам дека ќе можеме да ги поставиме основите за овој состанок во текот на следните неколку дена тука во Ерусалим”.

“Одличните односи на премиерот Нетанјаху со претседателот Трамп и претседателот Путин ги потврдуваат шансите за успех и поголемо усогласување на политиките на овие три големи земји по голем број клучни безбедносни прашања”, рече тој.

Лидерите на Г-20 ќе одржат самит на 28-29 јуни во Осака, Јапонија. Во интервјуто за Fox News, објавено на 19 јуни, Трамп рече дека ќе оствари состаноци со Путин и кинескиот претседател Кси Џинпинг на маргините на самитот.

Related posts

Leave a Comment