Свет

Трамп повика на отворање на црквите : Ни треба повеќе молитва

Behind Trump's demand to reopen churches: Slipping poll numbers ...

ВАШИНГТОН – Претседателот на САД, Доналд Трамп, повика денес местата за богослужба „веднаш да се отворат“ и рече дека ги смета за „неопходни“.

„Во Америка ни треба повеќе молитва, а не помалку“, рече Трамп на прес-конференцијата во Белата куќа, критикувајќи ги гувернерите на државите кои дозволија продавниците за алкохолни пијалоци и клиниките за абортус да останат отворени, пренесува Би-Би-Си.

И центрите за контрола и спречување на болести (ЦДЦ) исто така издадоа упатства дека црквите треба да бидат повторно отворени, но претходно не ги спомнуваа местата за богослужба.

Според „Вашингтон пост“, првичното отсуство на упатства се должи на социјалните конзервативци блиски до потпретседателот Мајк Пенс, кој и приговори на владата дека им кажува на верските водачи што да прават.

Related posts

Leave a Comment